
65-годишен жител на струмичкото село Банско е лишен од слобода откако со воздушна пушка пукал кон малолетник и го ранил.
Инцидентот се случил на 27 ноември околу 20:30 часот во близина на домот на осомничениот Б.М. (65). Според полицискиот извештај, тој пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.
Детето завршило во болница, оружјето е одземено
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Повредениот малолетник веднаш бил пренесен во Општата болница во Струмица за укажување медицинска помош. Полициските службеници од СВР Струмица го пронашле и го одзеле оружјето, а сторителот е задржан во полициска станица. За случајот е известен Јавен обвинител и ќе биде поднесена соодветна пријава.


