во ,

Италија има што да понуди: Местото на кое наводно е убиен Цезар станува туристичка атракција

Во престолнината на Италија, за наредната година најавена е нова туристичка атракција – локација за која се верува дека е местото каде што е извршен атентатот на Цезар.

Ова место првпат треба да биде отворено за јавноста, истакнува „Travel magazine“. Сместено јужно од Пантеон, плоштадот Ларго ди Торе Аргентина, познат е и како Ареа Сакра.

Тоа е голем плоштад на кој се наоѓаат остатоци од четири антички храмови како и театар.

Реклама

Токму на тоа место на 15 март во 44-та година пред наша ера група сенатори го избодела Цезар до смрт.

Како што наведуваат медиумите, плоштадот бил откриен во текот на 1920-те години, додека работници ги рушеле средновековните куќи.

Ареа Сакра – музеј на отворено

Оттогаш ова археолошко наоѓалиште било затворено за јавноста, а можело само да се гледа од улица. Иако забрането за посетители, со текот на годините мачките се населувале на тој плоштад.

Кога ќе се трансформира во музеј на отворено, Ареа Сакра ќе има издигнато шеталиште, патека за пешаци, како и неоткриен изложен простор.

Нова атракција – една од низата новитети

Новата атракција се придружува на неколкуте новитети во Италија. Станува збор за знаменитости кои се обновуваат или пак ќе се отворат за првпат, а кои дополнително ќе ја збогатат понудата на оваа земја и ќе ги израдуваат љубителите на историјата, архитектурата и археологијата.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.