
Додека некои држави во светот имаат неверојатно либерални закони за консумација на алкохол при возење, Македонија се позиционира во групата на земји со најстроги и најбезбедни правила.
Според истражувањето на „Ovoko“, земји како Палау дозволуваат и до 0,10%, а во делови на Мексико границата оди и до 0,15% алкохол во крвта. Изненадувачки, дури и САД и Обединетото Кралство се меѓу полибералните со дозволени 0,08%.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Наспроти нив, во Македонија дозволениот праг е 0,5 промили (0,05%), што ја става земјата на страната на повисока безбедност. Прекршувањето на оваа граница повлекува ригорозни казни кои надминуваат 250 евра, одземање на возачка дозвола, па дури и затвор. Експертите потврдуваат дека понискиот лимит значи поголема сигурност, но клучни остануваат спроведувањето на законите и сообраќајната култура.


