во , ,

Каде се и што прават актерите од „Jurassic Park“ 27 години подоцна?

Jurassic Park на Стивен Спилберг е дефинитивно еден од најпопуларните филмови. Поминаа веќе 27 години од неговата премиера, но за филмот се зборува и денес, а низ годините беа направени и неколку продолженија.

Додека мислењето на фановите е поделено за другите делови од франшизата, кога станува збор за првиот, речиси и да нема лоши коментари.

Нo сте се запрашале ли каде се и што прават денес актерите кои се појавија во првиот филм?

Сем Нил: Доктор Алан Грант

Сем го играше палеонтологот Алан Грант кој ги анализираше диносаурусите во паркот. Денес актерот има своја винарија во Нов Зеланд, а на социјалните мрежи редовно споделува детали за неговиот бизнис.

Реклама

Лора Дерн: Доктор Ели Сатлер

Лора ја играше доктор Ели, која беше научник и девојка на Алан. Актерката се појави во многу одлични филмови, како Blue Velvet, а има добиено Оскар, Еми и Златен глобус. Таа е и активист кој се залага за бегалците и женските права.

Џеф Голдблум: Доктор Иан Малколм

Доктор Иан Малколм беше научникот кој сметаше дека клонирањето на диносаурусите е непотребен ризик, а неговата улога му припадна на Џеф Голдблум. Актерот се појави во неколку добри серии, филмови од сите жанрови, а заплива и во музичките води – досега има издадено два џез албуми.

Џеф ќе ја репризира неговата улога на доктор Иан во новото продолжение од франшизата, чија премиера е закажана за 2022-ра година.

Аријана Ричардс: Лекс Марфи

Аријана ја имаше една од главните улоги – малата Лекс Марфи. После Jurassic Park, актерката заврши на академија за уметност во Калифорнија. Денес таа е сликар и имa добиено неколку награди за нејзините уметнички дела.

Џозеф Мазело: Тим Марфи

Џозеф го глумеше братот на Лекс, Тим Марфи. Денес Џозеф е актер, режисер и сценарист, а успеал да се запише на престижна академија за кинематографија благодарение на препорака од Стивен Спилберг. Актерот има изјавено дека тоа било подарок од режисерот за неговата матура.

Вејн Најт: Денис Недри

Вејн го играше програмерот кој беше задолжен за безбедноста на паркот. Оттогаш актерот го има позајмувано неговиот глас за неколку блокбастери, како Toy Story 2 и Kung Fu Panda 2, а се има појавено и во други холивудски филмови.

Семјуел Л. Џексон: Реј Арнолд

Во филмот, Семјуел го глумеше инженерот кој им беше од огромна помош на главните ликови. Семјуел е можеби најпознатиот актер од листава и може да се пофали со многу одлични филмски наслови. Моментално најпознат е по улогата на Ник Фјури во филмовите на Марвел, а неретко, во приватниот живот актерот се залага за разни добротворни цели.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

А Драге да си частиш, купија си точак !

Кубици снег, поларна светлина, украси од мраз – Лапонија е вистинска снежна бајка