во ,

Како не ти е срам свињо една, јас ти сум верна жена, мајка на твоите деца и слуга во овoј дом…

Еден ден се враќа жената порано од работа и го затекнува мажот и во спалната соба како води љубов со атрактивна девојка…

И нормално жената изнервирано почнува да му вика на мажот и:

“Како не ти е срам свињо една, јас ти сум верна жена, мајка на твоите деца и слуга во овoј дом. Сега пакувај си го куферот со твоите алишта и да те нема, веднаш се разведуваме”

Реклама

Мажот вџашен од цела таа ситуација и вели на жената му:

“Ама мила чекај, чекај само да ти објаснам, не е како што изгледа, послушај ме пред да ме истераш од дома…”

Жената изнервирано:

“Кажувај што имаш да кажиш и тоа е последно од тебе за со мене, ти реков се разведуваме”

Мажот: ”Слушај ме мила жено, јас девојкава воопшто не ја познавам. Враќајќи се накај дома ја сретнав на автопат и ме замоли да ја донесам до градов.

Кога ја видов колку изгледа тажно, и целата извалкана со кал, ја донесов дома…

Најпрво и дадов да јаде, од вечерата сношти ти што ја зготви, и така ти немаше да ја јадеш нели си на диета, а девојкава за миг пола тепсија мусака ја изеде…

Потоа и реков да оди да се истушира оти како што реков целата беше со кал, и косата мрсна.

Послем тоа бидејќи нејзината облека и беше стара и искината, јас и ги дадов твоите нови Левис фармерки, и така веќе две години стојат ви плакар а ти не ги облече, тесни ти биле. Па и и ја дадов и маицата DC сестра ми што ти ја поколони минатата година за твојот роденден, а ти на ја бендисваше нели не била твоја омилена боја, па и дадов и долни веш од Викторија Сикрет, што ти го поклонив за 8 ми Март лани, ама ти не го сакаше и стои во фиока, и на најпосле и ги дадов и твоите нови кожни чизми кој ти си ги купи пред две години, но не ги облече нити еднаш висока им била штиклата…

На крај кога ја испраќав на врата девојкава расплакана ме погледна и ми рече: Има ли и нешто друго што не сака жена ти…?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Луѓе кои ги изненадуваат другите како изгледаат на своите години

15 „Специјалитети“ што дечковците ги направиле за своите девојки