
„До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина.“
Ова го напиша струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на својот профил на „Фејсбук“. Неговата објава доаѓа откако се дозна дека тој нема да оди по нов мандат со неговата партија. Тој претходно се реши и да го замрзне своето членство во СДСМ.
„Рововски битки“ и „инстант-пасокизација“ на СДСМ
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Со оваа порака, тој практично најавува „рововоски битки“ во партијата. Според аналитичарите, со ова се оправдуваат и прогнозите за нејзин тотален распад. Се споменува и можна „инстант-пасокизација“ на партијата, по примерот на грчката ПАСОК.
Упатените велат дека членството на СДСМ веќе е во редици пред канцелариите на партијата ЗНАМ. Исто така, не е исклучена можноста Костадинов да се кандидира и како независен кандидат во Струмица.
Најава за ново движење по локалните избори
Костадинов на полноќ повторно се огласи. Тој рече дека партијата е во тешка состојба. „Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам, но за жал нема како,“ напиша тој.
„Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување. Тоа ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори.“ Тој најави дека неговата конечна одлука за политичкото делување ќе биде кажана во два дела. Првиот дел во септември, а конечната одлука по завршувањето на изборите.


