во

ЛЕВИЦА БАРА ОДГОВОРНОСТ: Министерот Клековски итно да го разреши директорот на охридската болница!

Скандалот со трудницата во Охрид е само врвот на ледениот брег. По најновите сведоштва за нехуман однос и одбивање медицинска помош, партијата Левица бара итно разрешување на директорот Горан Маркоски и вонреден инспекциски надзор во болницата.

Голгота на гинеколошкото одделение

Случајот со бремената пациентка кој ја разбранува јавноста е силен аларм за катастрофалните состојби во охридската болница. Од политичката партија Левица информираат дека до нив пристигнуваат и други сведоштва за голготата на пациентите, особено на гинеколошкото одделение, што отвора сериозни прашања за способноста на директорот Горан Маркоски да ја менаџира установата.

„За ваквата состојба сведочи и друга бремена пациентка, која се пожалила за нехуман однос во болницата и одбивање да биде прегледана, поради што и во овој случај била принудена да оди во приватна болница. Кога пациентите се принудени да чекаат со часови и да бараат помош во приватни болници, тоа е доказ за целосна неспособност на кадарот поставен за раководење.“

Здравјето не е партиска калкулација

Супер Попуст -25%

Опозициската партија упати директно барање до министерот за здравство Сашо Клековски итно да го разреши директорот Маркоски. Дополнително се бара и независен инспекциски надзор во охридската болница поради алармантната состојба, како и утврдување на строга персонална одговорност за секој евентуален пропуст во лекувањето.

„Директорската функција не е партиска награда, туку одговорност за човечки животи. Здравството не е место за партиски кадри и политички заслуги, а животите и здравјето на граѓаните не смеат да зависат од политички калкулации“, децидни се од Левица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА: Марјан Ристески во работна посета за унапредување на трудовата мобилност

ТРАМП НАЈАВИ ПРИМИРЈЕ, РУСИТЕ УДРИЈА: Дрон разнесе бензинска пумпа во срцето на Киев!