во ,

„Луѓето се плашат од мене поради моите 200 тетоважи, но јас сум добра личност“

Љубител на тетоважи кој потрошил речиси 50.000 долари на тетоважи по целото тело ги открил реакциите кои ги добива поради својот необичен изглед.

Сорен Лоренс, најпознат на своите следбеници на социјалните мрежи како Неонски демон, има повеќе од 200 тетоважи, а највпечатлива модификација му е црното мастило кое ги исполнува неговите белки.

Иако Сорен од Тампа, од Флорида, се чувствува совршено во својата уникатна кожа и верува дека уметноста на телото позитивно влијаела на неговото ментално здравје, не се сите толку воодушевени.

Во интервју за Мирор, 28-годишниот пица мајстор објасни дека реакциите на неговиот изглед се мешани: додека некои изразуваат фасцинација со неговиот креативен изглед, други го осудуваат и се плашат од него, а некои одат дотаму што го прашуваат што не е во ред со него или зошто решил да си направи такво нешто.

Иако на почетокот требало да се навикне на оваа реакција, Сорен сега вели дека станал малку десензибилизиран на овој тип на несакани повратни информации.

„Обично не ми пречи да одговарам на прашања или да имам интелектуален разговор на оваа тема со странец се додека тие се однесуваат со почит кон мене. Осудата на која постојано се среќавам е тоа што некои луѓе ме гледаат и веднаш мислат дека сум лоша личност. Најлош е фидбекот, секако на интернет каде луѓето се многу груби“, рече тој.

Сепак, и покрај тоа што мора да се справи со осудите на луѓето, Сорен нема намера толку брзо да се откаже од тетовирањето.

Покрај тоа, тој планира неколку големи тетоважи на рацете и рамената, а потоа една на скалпот…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Фотографии кои ќе ве вратат години наназад во вашето детство

15 Луѓе со IQ поголем од Алберт Ајнштајн