
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени. Во текот на денот живата во термометрите ќе се искачи меѓу 33 и 40 степени.
Во Скопје до 39 степени
Во главниот град се очекува сончево и многу топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 16 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени.
Попладневни поројни дождови и грмежи од утре
Периодот на сончево и многу топло време ќе продолжи, а во некои делови од земјата дневните температури и натаму ќе достигнуваат до 40 степени.
Од утре до крајот на седмицата, во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност. На одредени места се очекуваат краткотраен пороен дожд и грмежи.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








