
Ладно и магловито време ја одбележа првата утринска слика од март во Македонија
Според податоците објавени од УХМР, најниската температура до 7 часот утрово е измерена во Берово, каде живата на термометарот се спуштила на -6 степени. Во исто време, највисока минимална температура од 3 степени е регистрирана во Гевгелија.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Во повеќе делови од земјава утрото беше проследено со густа магла и ниска облачност, што дополнително придонесе за чувство на студ. На табелата објавена од УХМР се прикажани измерените минимални температури по градови и места, регистрирани на мерните станици низ државата.


