
Според новата анализа на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци од Евростат, младите во Северна Македонија и Црна Гора се најдоцни во Европа во напуштањето на родителските домови. Просечната возраст на осамостојување во Црна Гора е 33,3 години, а во Северна Македонија 32,1 година. Овој тренд е карактеристичен за Балканот, каде младите во Србија и Хрватска исто така остануваат да живеат со родителите до своите триесетти години.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Во контраст, младите во скандинавските земји се осамостојуваат најрано, при што Финците го напуштаат домот во просек на 21,4 години, а Данците и Швеѓаните на 21,8. Во западна Европа, младите Шпанци и Португалци живеат со родителите до приближно 30 години, додека младите Британци и Французи заминуваат на 24,6 и 23,7 години.
Балканските земји, познати по своите силни семејни врски и традиции, се соочуваат со економски предизвици што влијаат врз можностите на младите за осамостојување. Оваа разлика ја истакнува културната и економска специфичност на регионот во однос на остатокот од Европа.


