
Процесот на пристапување кон Европската Унија мора да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Тој денеска се сретна со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за Европската Унија во шпанското Министерство за надворешни работи.
Во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Македонија и актуелните случувања поврзани со проширувањето на Унијата.
Муцунски побара еднакви правила за сите кандидати
Министерот нагласил дека пристапниот процес треба да биде еднаков за сите земји што сакаат да станат членки на ЕУ.
Според него, напредувањето мора да зависи од исполнетите обврски и постигнатите резултати, а не од различни политички критериуми за одделни кандидати.
„Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги“, истакнал Муцунски.
Тој додал дека крајната цел мора јасно да остане полноправното членство во Европската Унија.
Постепена интеграција, но не како замена за членството
Муцунски ја поддржал и практичната постепена интеграција на земјите кандидати во европските политики и програми.
Сепак, тој нагласил дека ваквите форми на приближување треба да се одвиваат паралелно со пристапниот процес.
Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните, но да не го замени полноправното членство како конечна цел.
Благодарност до Шпанија за поддршката
Муцунски изразил благодарност за доследната и принципиелна поддршка што Шпанија ѝ ја дава на европската перспектива на Македонија.
Тој ја поздравил и шпанската посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Европската Унија.
На средбата била нагласена потребата од блиска координација меѓу Скопје и Мадрид во претстојните разговори за иднината на политиката на проширување.
Разговор и за спроведувањето на реформите
Македонскиот министер го информирал Сампедро Маркос за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда.
Тој ја нагласил посветеноста на Владата кон доследно воведување на европските вредности, правила и стандарди на национално ниво.
Соговорниците ја потврдиле потребата од натамошно продлабочување на билатералната соработка во рамките на европските процеси.
Тие се согласиле дека мора да се зачува кредибилитетот на политиката на проширување и да се забрза пристапниот процес на Македонија.


