
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Македонија стои зад своите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток
Во објава на платформата „Х“, Муцунски нагласи дека Соединетите Американски Држави јасно ставиле до знаење оти дипломатијата е првата опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат веродостојни ризици. Според него, безбедноста, стабилноста и одговорноста се неразделни принципи.
Активни амбасади во регионот
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Министерот истакна дека македонските амбасади и конзуларни тимови низ регионот се активно ангажирани во поддршка и помош на македонските државјани. Целта е да се обезбеди нивната безбедност и навремена конзуларна асистенција во услови на засилени тензии.
Контекст на ескалацијата
Изјавата следува по потврдата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД започнале воени операции против Иран, со образложение дека станува збор за мерка за заштита од непосредни закани.

