
Охрид викендов целосно е во знакот на трчањето и спортот. Јубилејното 10-то издание на популарниот атлетски викенд „Охрид трчат“ успеа да привлече повеќе од 2.700 учесници од над 30 држави. Организаторите со гордост оценуваат дека станува збор за убедливо најмасовното издание досега на една од најпрепознатливите спортско-туристички манифестации во нашата земја. Од локална иницијатива, овој настан прерасна во меѓународна спортска манифестација која секоја година привлекува илјадници рекреативци и професионални атлетичари од целиот свет.
Богата програма и трки за сите генерации
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Спортската програма започна утрово во 8:15 часот со стартот на главниот полумаратон на 21 километар, како и штафетниот полумаратон, додека популарната трка на 5 километри стартуваше од 9:00 часот. Во рамките на настанот се вклучени и тим-билдинг трки, кои привлекуваат голем број компании. Покрај натпреварувачкиот дел, организаторите подготвија и бројни придружни активности, вклучително фитнес настани, ноќна трка, музичка програма и промоција на културното и природното богатство на Охрид.
Дарио Ивановски повторно дел од спектаклот
Како и секоја година, настанот не може да помине без врвните македонски атлетичари. Меѓу учесниците е и македонскиот рекордер и олимписки репрезентативец Дарио Ивановски. Организаторите очекуваат дека присуството на елитните спортисти и масовниот одзив на рекреативците уште еднаш ќе го потврдат статусот на „Охрид трчат“ како еден од водечките тркачки настани во целиот регион.


