во

Најубавите честитки и пораки за 8-ми март

Сите ние во животот имаме жени кои најмногу ги сакаме – мајки, баби, тетки, стрини, вујни, пријатели, колешки, сопруги, девојки, сосетки… Сите тие заслужуваат почит и љубов секој ден во годината! Тие заслужуваат да бидат сакани такви какви што се, да бидат ценети, заштитени и поддржани во сè што прават. Дека на нив мислиме секој ден, не само еднаш годишно!

Тие се нашите хероини, силни жени кои можат се, кои не се откажуваат и за кои нема пречки!

Реклама

1. Ти посакувам секој ден да бидеш насмеана, храбра, да го издржиш секој предизвик кој ти го носи животот. Ова е ден кога ја славиш својата моќна женска енергија, затоа раздвижи ја и оствари ги своите соништа. Среќен 8-ми март

2. Биди горда што си мудра и силна. Биди среќна што умееш да сакаш и што си сакана. Биди радосна што во себе имаш сила да го промениш светот. Со оваа порака ти праќам добри вибрации и многу љубов на овој посебен ден!

3. Не ограничувајте се. Многу луѓе се ограничуваат на она што мислат дека го можат. Можете да одите колку што ви дозволува умот. Сè она во што верувате, запомнете, можете да го постигнете!!!

4. Научете да ја прегрнете сопствената убавина, славете ја својата единственост со самодоверба. Вашите несовршености, се всушност ваш подарок!

5. Најпривлечната работа што може да ја има една жена е самодовербата!

6. Ако сакаш нешто да се каже, прашаj човек, ако сакаш нешто да се направи, прашај жена!

7. Ти си моја поддршка и моја инспирација, ти си моја утеха, и мотивација. Ти посакувам Среќен 8-ми март!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Заедно за Војдан: Приклучете се кон нашата мисија да му помогнеме на Војдан

15+ Најмудри цитати на Џорџ Бернард Шо: „Сè што можете да купите со пари, веќе е евтино“