во , ,

На делфините им недостасувало вниманието од луѓето, па започнале да им носат подароци

На делфините во Австралија им недостасувале луѓето кои биле во карантин поради пандемијата на коронавирусот, а сега им носат различни подароци од морето.

Делфините се познати по своите социјални и комуникациски вештини и се сметаат за втор најинтелигентен вид, веднаш по луѓето. Јатото делфини уште еднаш го докажале тоа со носењето на подароци во вид на благодарност кон волонтерите кои ги хранат. Делфините започнале да им носат подароци од морето во вид на школки, корали, парчиња дрво, изгубени очила за сонце, шишиња и слично.

https://www.facebook.com/Barnaclescafedolphinfeeding/photos/a.1268425083238072/2938609039552993/?type=3

Реклама

Волонтерката Лин Мекферсон тврди дека со ваквото однесување животните покажуваат колку им недостасувале луѓето и нивното внимание.

Делфинот Мистик е најактивен – тој им носи десетина подароци дневно, а за возврат како и останатите добива риба.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Луѓе ширум светот споделуваат што сè нашле додека чистеле за време на карантинот

40 Неверојатно реалистични скулптури направени од песок