Во американската држава Северна Каролина, рибарот Нејтан Мартин улови ретка риба чиј заб наликува на човечки. Ја фати на пристаништето Џенет, најдолгото пристаниште во Северна Каролина.
Нагс Хед е мал град во округот на Даре, Северна Каролина, и едно од најпопуларните места за риболов. Рибарот Нејтан Мартин, исто така, стана познат по улов на ретка риба која има заби слични на човекот.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Фотографијата наскоро беше споделена на Фејсбук, каде се прошири на интернет.

„Многу е вкусно, за риба со уста полна катници“, рече Мартин.
Иако многумина мислеа дека станува збор за фотомонтажа, Рибата што тежи нешто повеќе од четири килограми е всушност т.н. овча риба, а некои дури ја нарекуваат и демонска риба.
Ова сигурно не е прв случај на фаќање на оваа риба, но нејзината уникатна глетка често ги изненадува риболовците.


