„Две најубави жени на светот“, коментираат обожавателите.

-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Српската актерка Слобода Миќаловиќ го негува своето пријателство со славната италијанска ѕвезда Моника Белучи, а тоа го покажуваат нивните јавни размени на пораки, честитки и коментари на социјалните мрежи.
По повод роденденот на Моника, Слобода објави нивни заеднички фотографии, уште еднаш потсетувајќи ја публиката како изгледаат овие две убавици една до друга.
На фотографиите, Моника ја гушка Слобода, а двете шетале пред камерите држејќи се за раце.
View this post on Instagram
„Среќен роденден“, напиша Слобода покрај неколку емотикони со срца и детелинки.
Моника ѝ возврати со срце, а фановите не го пропуштија моментот да ги изразат своите восхитувања. „Боже! Нема која е поубава!“ – коментира еден следбеник, а многумина се согласија со тоа мислење, споделувајќи го натаму.


