
Нов евакуациски лет од Емиратите во вторник, Македонија продолжува со извлекување на граѓани од регионот
По пристигнувањето на 151 патник од Дубаи на скопскиот аеродром, македонските власти продолжуваат со организирање нови летови за евакуација на граѓани од ризичните подрачја на Блискиот Исток.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Следниот чартер лет е најавен за вторник, 10 март, при што се очекува повторно приближно ист број патници да пристигнат во Македонија.
Се планира и трет лет
Според информациите од институциите, се разгледува и организација на трет лет во текот на неделата, но конечната одлука ќе зависи од интересот на македонските граѓани кои се наоѓаат во ризичните региони.
Властите сакаат секој лет да биде максимално искористен, со цел што повеќе луѓе да се извлечат од подрачјата каде безбедносната ситуација останува неизвесна.
Евакуација и од други земји
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека паралелно се работи и на евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат во Бахреин, Катар и Кувајт.
Планот е тие најпрво да бидат пренесени во Саудиска Арабија, од каде што во среда ќе биде организиран авионски транспорт до Македонија.
Апел за одговорност од граѓаните
Муцунски упати апел до македонските државјани кои се пријавиле за евакуација, а во меѓувреме одлучиле да не патуваат, тоа навреме да го пријават.
Според него, 14 патници кои биле пријавени за летот од Дубаи во последен момент не се појавиле на аеродромот.
Благодарение на подготвеноста на амбасадата и листата на чекање, нивните места биле пополнети со други граѓани кои чекале евакуација.
Меѓу патниците и странски државјани
На последниот чартер лет од Обединетите Арапски Емирати во Скопје пристигнале 151 лице. Поголемиот дел се македонски државјани, но меѓу патниците имало и лица од други земји.
Во авионот патувале еден државјанин од Црна Гора, еден од Босна и Херцеговина, еден од Србија, двајца од Косово и четворица со холандско државјанство.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








