во ,

Обвинителството отвори предмет по шокантните тврдења на Жан Митрев дека власта сакала насилно да му ја одземе болницата

Основното јавно обвинителство Скопје и официјално отвори предистражна постапка за да ги провери шокантните наводи на познатиот кардиохирург Жан Митрев, кој јавно обвини дека високи функционери од претходната власт се обиделе да му ја одземат клиниката.

Според соопштението, обвинителите веќе преземаат конкретни дејствија по предметот кој е оформен по „допрен глас“ на 21 јануари 2026 година. Фокусот на истрагата се сериозните обвинувања дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство вршеле притисок врз докторот.

Политички рекет или деловен притисок?

Супер Попуст -25%

Наводите кои ја тресат македонската јавност се однесуваат на обид за принуда, при што споменатите екс-функционери, наводно, барале од Жан Митрев да им ги продаде или отстапи неговите сопственички удели во приватната здравствена установа.

„Во предметот се вршат детални проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, потенцираат од Обвинителството.

Доколку се докаже вистинитоста на овие тврдења, ова може да прерасне во еден од најголемите корупциски скандали во поновата историја на државата, инволвирајќи го самиот врв на поранешната владејачка гарнитура на СДСМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандал во Собранието: Кандидатката се повлече од срам откако ја помеша Истанбулската конвенција со градот во Турција

Филипче со тешки обвинувања: Власта ја турка Македонија во прегратките на српскиот свет и носи сомнителен капитал