во ,

Орбан категоричен: Нема да конфискуваме руски имот, ниту да праќаме оружје за Украина

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, најави дека неговата земја нема да поддржи конфискација на руските средства, ниту пак ќе испраќа оружје и финансиска помош за Украина, предупредувајќи дека следи „турбулентна недела“ за европската дипломатија.

Во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, тој преку Фејсбук порача дека „влогот е војна или мир“ и дека Унијата се движи во погрешна насока со тоа што ја интензивира економската војна преку конфискација на замрзнатиот имот, што според него е „отворена објава на војна“ кон Москва.

Супер Попуст -25%

Орбан смета дека Европа ја пропушта шансата што ја носи промената на власта во САД, тврдејќи дека Доналд Трамп наскоро би можел да го заврши конфликтот. Пред унгарските пратеници, тој потврди дека Будимпешта нема да учествува во воениот заем на ЕУ и повика на преговори наместо на воени решенија, следејќи го примерот на американскиот претседател.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Директор и службеник од Делчево го оштетиле ЈКП „Брегалница“ за 120.000 евра

Кој е грчкиот „Ескобар“ уапсен во Катерини? Од морнар до мозок на операција со 7 тони кокаин