во , ,

Откриле тајна просторија во својот подрум, не им се верувало што има внатре: „Рудник на злато…“

Витфилд споделила видео на социјалните мрежи откако нејзиното семејство под домот открило тајна соба која што била преполна со вредни предмети, вклучувајќи и некои први изданија од популарни книги.

Во тајната просторија се наоѓале древни книги, евиденции и заклучени ковчези. Неверојатното откритие на нејзиното семејство станало вирално на социјалната мрежа ТикТок, а истото е погледнато повеќе од два милиони пати.

Девојката објаснува дека собата се наоѓа во семејната куќа. Исто така таа вели дека изнајмиле проценувач на предмети, откако таму пронашле повеќе први изданија од вредни книги.

Реклама

„Ова е само почеток“, напишала девојката покрај видеото.

@lynnwhitfield7

hidden room under the house I’ve never seen……… opening the chests next. Like for part 2 #likeforpart2 #SometimesIRun

♬ original sound – Lynn Whitfield

Милиони луѓе ја молеле девојката да им даде повеќе детали кои што се поврзани со тоа. Во коментарите исто така го замолиле семејството да носат ракавици додека ги допираат предметите што се наоѓаат таму.

Некои дури им напишале и предупредување:

„Немојте во неа да читате ништо наглас, особено не во 2020-та година“, „Немојте да го правите тоа, можеби ќе фрлите некаква клетва или магија…“.

Многубројни колекционери на книги ширум светот биле воодушевени со ова откритие.

„Рудник на злато. Постојат колекционери кои што ќе платат богатство за некои од тие книги“, „Се согласувам, го видов Хемингвеј, многу сум љубоморен“, „Овие книги би можеле да бидат исклучително скапи и ретки затоа бидете внимателни со нив“, се само дел од коментарите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Научниците открија чуден сигнал – се сомневаат дека Земјата ја посетиле „непознати гости“?

Како изгледа животот во најстуденото населено место на Земјата? Рекордно измерена ниска температура е -71.2 степени целзиусови