Владимир Блажев Панчо, пејачот на групата ДНК, е префрлен во приватната болница „Систина“ во Скопје и е сместен на одделението за интензивна нега по тешкиот пожар во Кочани.
Владимир Блажев – Панчо добро познатиот пејач на македонската музичка група ДНК, е итно префрлен во приватната скопска клиника „Систина.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Според најновите информации, тој е сместен на одделението за интензивна нега, поради сериозноста на неговата здравствена состојба по катастрофалниот пожар кој вчеравечер избувна во кочанската дискотека „Пулс“ за време на нивниот настап.
Јавноста со големо внимание ги следи информациите за неговото здравје, имајќи предвид дека тој беше еден од изведувачите на кобниот настан во Кочани.


