во

ПЕКОЛОТ СЕ ВРАЌА: Од утре нов топлотен бран, викендов температури над 40 степени!

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, но вистинскиот топлотен бран нè очекува од утре, кога температурите за време на викендот на одредени места ќе надминат 40 степени.

Според најавите од синоптичарите, попладнево во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

  • Минималната температура низ државата ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени.
  • Максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 38 степени.

Времето во Скопје

Супер Попуст -25%

Во главниот град денеска нè очекува слично време – сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната утринска температура ќе се спушти до 17, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени.

Пеколен викенд и локална нестабилност во сабота

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време низ целата држава.

„Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени, што укажува на нов силен топлотен бран“, предупредуваат метеоролозите.

Сепак, и покрај високите температури, во сабота наместа ќе има локална нестабилност која ќе биде проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи, па граѓаните треба да бидат подготвени за нагли, но краткотрајни промени на временските прилики.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАГЕДИЈА ВО КАБУЛ: Најмалку 50 повредени во експлозија во училиште, повеќето се ученици!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19 АВГУСТ: Раковите чекаат тешки вести, Јарците запознаваат некој интересен