во , , ,

„Планината“ од „Game of Thrones“ стана „мускулесто брдо“: Ослабнал 50 килограми, но сè уште изгледа брутално

Веројатно не би помислиле дека актер кој во филмскиот свет е познат по тоа што е голем и силен, некогаш ќе посака да ослабне, но токму тоа го направил Хафтор Џулиус Бјорнсон.

Бјорнсон заработи голема сума на пари благодарение на улогата во серијата „Game of Thrones“ во која го играше силниот, но тивок Грегор Клегејн познат како „Планината“.

Сепак, актерот и професионален спортист одлучил да ослабне околу 50 килограми и сега повеќе личи на мускулесто „брдо“ отколку на „планина“.

Реклама

Продуцентите на серијата направија одличен избор со Хафтор бидејќи неговиот лик беше застрашувачки по сила, висина и бруталност, а тој физички потполно се вклопи во таа слика и верно го пренесе и насилниот карактер на Клегејн.

Откако се повлече од натпреварот за најсилен човек во 2020 година, Бјорнсон направи промена во кариерата. Следуваше неговото боксерско деби поради што ослабна 50 килограми, а со објавите на Инстаграм порачува дека сè уште изгледа брутално иако сега е послаб.

Спортистот често објавува дел од своите тренинзи на Јутјуб, но и покажува како изгледа неговото секојдневно мени.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Го засакавме сите гледајќи го во истоимениот филм – „Сина лагуна“: Остров со рајско опкружување од тропска вегетација, бели песочни плажи, чиста сина вода

Ова е листата на најплатени спортисти: Првиот на списокот се занимаваше со спорт само 7,5 минути, а зад себе ги остави Меси, Роналдо и Хамилтон