во , ,

Ова е листата на најплатени спортисти: Првиот на списокот се занимаваше со спорт само 7,5 минути, а зад себе ги остави Меси, Роналдо и Хамилтон

Некои работеа и заработуваа, а на некои стекнатата слава им донесе многу пари иако не излегуваа на терен.

Познатиот магазин Форбс го објави списокот на 10 спортисти кои најмногу заработуваат, а на врвот се наоѓа поранешниот УФЦ првак и прославен борец Конор Мекгрегор.

Мекгрегор е лидер на листата со 180 милиони долари, а интересно е што дури 160 милиони заработил надвор од рингот. Поголемиот дел од парите, славниот ММА борец ги заработил со продажба на сопственичкиот удел во компанијата за виски „Proper No. Twelve“. Компанијата која го купила неговиот удел галантно платила 150 милиони долари.

Реклама

Зад Ирецот на листата се наоѓа ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој во претходните 12 месеци заработил 130 милиони долари, што е за 10 повеќе од прославениот Португалец, Кристијано Роналдо.

Фудбалерот на Јувентус заработил 120 милиони долари од кои 50 надвор од теренот, односно од спонзорства.

Во топ 5 листата се наоѓаат и НФЛ играчот Дак Прескот кој настапува за дресот на Далас и заработил речиси 108 милиони долари, а на петто место е ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, кој заработил 96 милиони долари од кои 65 надвор од паркетот.

На шестата позиција е Бразилецот Нејмар со 95 милиони долари, од кои поголемиот дел ги заработил шутирајќи ја топката на теренот, а 19 надвор од теренот.

Можеби најинтересното име на листата е швајцарската тениска легенда Рожер Федерер кој поради повреда не игра повеќе од една година, но секако ја зазеде седмата позиција на листата на најплатени спортисти. Тој само од спонзори добил нешто повеќе од 90 милиони долари.

На преостанатите 3 места се наоѓаат возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (82 милиони долари) НФЛ ѕвездата Том Брејди (76 милиони долари) и кошаркарот Кевин Дурант (75 милиони долари).

Овогодишната листа на Форбс е историска бидејќи е поставен рекорд по приходи кои се остварени надвор од спортските терени.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Планината“ од „Game of Thrones“ стана „мускулесто брдо“: Ослабнал 50 килограми, но сè уште изгледа брутално

8 Принципи на облекување од жените во Скандинавија, кои може да ги усвоите и вие