Скандинавскиот стил на живот не ја губи својата популарност, а тука успешно се провлекува и начинот на кој скандинавците се облекуваат.
Ова се неколку принципи до кои се придржуваат, а благодарение на нивната едноставност, можете и вие:
1. Сите контрасти се добредојдени – спортско и свечено, темно и светло, лесни и тешки ткаенини…
Супер Попуст -25%
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден

2. Облеката мора да биде соодветна за временските услови. Исто така, пожелни се слоевите.

3. Добро е да се држите до базичните парчиња и бои, но кога ви треба освежување – облечете силни бои. Ништо не мора да ви одговара едно со друго.

4. Сепак, гардероберот треба да ви е полн со: едноставна маичка на кратки ракави, волнен капут, сако, топол џемпер, чизми, патики и црни фармерки.

5. Преферирајте широко.

6. Спојувајте евтино со скапо. Односно, научете на што не смее да штедите, а што може да помине и незабележано дека е евтино.

7. Убавината лежи во лежерноста, едноставноста и природниот изглед.

8. Секогаш одберете удобно, пред елегантно.



