во , ,

Погледнете што сè е досега изградено за Светското првенство во Катар?

Завршени се 75 проценти од работите на инфраструктурата за Светското првенство во фудбал во Катар 2022 година.

Организаторите за потребите на Првенството изградија цела нова мрежа на подземни и надземни железници, изградбата траеше две години и е една од најбрзите во светот.

Реклама

Во тек е изградба на хотели, а организаторите објавија дека со познатата туристичка компанија MSC Cruises договориле дополнително сместување за навивачите. Во пристаништето во Доха во текот на Светското првенство ќе има два големи крузери кои заедно имаат 4.000 кабини и можат да примат повеќе од 6.000 гости.

За навивачите ќе биде организиран бесплатен превоз од бродовите до стадионот, а Катар на овој начин сака да им понуди на навивачите дополнително искуство на Светското првенство, наведуваат организаторите.

Но, сè не се одвива баш најсјајно. Организаторите на мундијалот се изложени на напади од светските медиуми поради тешките услови во кои работат работниците и градежниците, кои повеќето доаѓаат од сиромашните азиски земји.

Здруженијата кои се борат за човечки права тврдат дека во текот на изградбата на објектите загинале стотици луѓе кои живеат во нехумани услови и кои се слабо платени, а работат и по 16 часа дневно.

Со години се пишуваше и за тоа колку пари добиле членовите на ФИФА за да гласаат за Катар како домаќин на мундијалот. Исто така, за првпат светското првенство во фудбал ќе биде играно на есен, од 21 ноември до 18 декември.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Илустрации покажуваат како германските уметници ја замислувале иднината во 1930?

6-те Најголемите филмски разочарувања во 2019