во ,

Погледнете ја луксузната вила во Манчестер која го пречека семејството на Кристијано Роналдо

Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер предизвика вистинска хистерија во градот и Португалецот е секојдневна тема на разговор. Со желба да ја зачува својата приватност колку што е можно, Роналдо одбрал дом далеку од центарот на градот, но сепак во неговата вила недостигаат некои луксузни детали.

Луксузната вила која го пречека семејството на Роналдо се наоѓа насред природа. Има седум соби, целосно опремена теретана, базен, џакузи, кино и неколку тераси.

Реклама

За љубителите на автомобилите, како Роналдо, единствен недостаток би можела да биде гаражата која има само две места и тоа е тешко да се разбере земајќи ги во предвид димензиите на куќата, но проблемот со паркирањето е лесен за решавање благодарејќи на огромната градина со која располага куќата.

Во Вилата Роналдо и неговото семејство ќе бидат заштитена со ексклузивен безбедносен систем, а фудбалерот на Манчестер покрај тоа ангажирал шест луѓе задолжени за нивната сигурност.

Роналдо со Манчестер потпиша договор до 2023 година со опција за продолжување на уште една, а Црвените ѓаволи платиле 15 милиони евра за неговиот трансфер.

Португалецот кариерата ја започна во Спортинг, а од 2003 до 2009 година бил играч на Манчестер Јунајтед. Подоцна премина во Реал Мадрид, а од 2018 година беше дел и од Јувентус.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќе ти исполнам три желби ако ме пуштиш. Која ти е првата?

Урнебесната изјава на премиерот на БиХ го насмеа Балканот: “Ако нешто ви е скапо, купувајте помалку, едноставно е!”