
Со потресни сведоштва за првите искри, паниката и заклучените излези, денеска продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица
На рочиштето беа сослушани преживеани музичари и сведоци кои опишаа како огнот избувнал за време на настапот на групата ДНК на 16 март 2025 година. Придружната вокалистка Ана Костадиновска рече дека пожарот започнал за време на рефренот на песната „Што сака нека биде“, кога се активирале прскалките, што претходно било вообичаена практика на настапите.
„Тргнав кон врата, но беше заклучена“
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Костадиновска изјави дека во првите моменти никој не сфатил дека ситуацијата е сериозна. Додека се движеле кон излезот, забележала врата десно од неа и ги повикала другите да излезат таму, но таа била заклучена. Подоцна, кога огнот веќе се ширел екстремно брзо, излегле по подолгиот пат.
Таа сведочеше за силна топлина, пукање и густ чад што ги терал луѓето да губат свест. Паднала во стампедото, со приклештена нога, а ѝ помогнало момче кое ја одржувало будна. Има повреди на коленото и изгореници на лицето и сè уште работи со психолози за да ја надмине траумата.
„Не знаеме кој ја активираше пиротехниката“
Гитаристот Горан Тонев изјави дека огнот се проширил за минути и дека од плафонот капеле црни капки од запалениот материјал. Тој има изгореници на дишните патишта, лицето и раката и сè уште не може да настапува.
И Костадиновска и Тонев нагласија дека не знаат кој ја поставил или активирал пиротехниката. Сведокот Алберто Миладинов изјави дека објектот имал само една врата и дека пожарот избувнал околу 2:32 часот. Бојан Клименков, поранешен келнер во клубот, рече дека плафонот се запалил над левата прскалка и дека пожарот не успеал да биде изгаснат со противпожарен апарат.
Во трагедијата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето продолжува на 5 март.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден








