
Вчерашните пожари ја земаа својата прва жртва.
Оваа трагична информација ја објави порталот „Скопје1“. Тие се повикуваат на официјална потврда од Министерството за внатрешни работи. Според нивните извори, човечко тело е најдено изгорено во штала која беше зафатена од пожарот.
Шталата била лоцирана во близина на Железничката станица во Ѓорче Петров. Телото на човекот било пронајдено до изгорените тела на добитокот кој се наоѓал внатре. Просториите биле целосно пеплосани од огнената стихија.
Од страна на МВР се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Ќе се работи на идентификација на жртвата и на утврдување на причините за пожарот. Ова е прва жртва од пожарите кои деновиве беснеат низ земјава.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден







