во , ,

Прваче стана апсолутен хит откако посрамоти новинарка: Не сакам да се заразам, стави ја маската на нос…

Во сараевскиот кантон во БиХ наставата во новата училишна година веќе започна, а новинарка на „Н1“ телевизијата разговараше со едно прваче кое добро ѝ објасни како треба да се однесуваат сите во време на пандемија.

Момчето, носејќи маска на лицето ја предупреди новинарката дека не ја носи правилно својата маска. Имено, таа очигледно, како и многу други ја носи маската неправилно, односно под носот и само преку устата.

„Корона има, треба маска, не сакам да се заразам. И плус, стави ја маската на нос“, ѝ рече момчето, по што новинарката се извини и го праша дали му е јасно што значи тоа дека сите на училиште мора да бидат на дистанца.

„Да, да, можам малку и да се тргнам поради короната“, рече момчето и се оддалечи од новинарката и нејзината екипа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 Навики на мајките кои на другите луѓе од страна им се ужасни

15 Чуда на природата кои изгледаат неверојатно