
На радост на љубителите на зима, првиот снег падна во источниот дел на Македонија. Во Македонска Каменица, Берово, Пехчево и околината на Делчево, снегот ги покри ридовите и патиштата.
Променливо и студено време низ целата земја
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Според УХМР, денешното време ќе биде променливо облачно со ниски температури и повремен локален дожд во рамничарските делови, додека на планините и повисоките места снегот ќе продолжи да паѓа. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој дополнително ќе ја засили студената атмосфера.
Температурите денеска ќе варираат од -1 до 14 степени Целзиусови.


