
Небото над пустината Мохаве во Калифорнија стана сцена на настан кој ги вознемири глобалните воени аналитичари и ги запали алармите во светските метрополи. Американскиот стратешки бомбардер B-52 е снимен како носи прототипови на најновата и исклучително моќна крстосувачка ракета AGM-181A. Фотографиите, кои прв ги објави познатиот воздухопловен фотограф Џарод Хамилтон, откриваат застрашувачки детали за новото американско оружје кое е дизајнирано да биде невидливо за непријателските радари. Ова е првпат јавноста да види конкретни докази за нуклеарното вооружување на новата генерација, кое Пентагон го подготвува во строга тајност.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Ракетите забележани под крилото на бомбардерот се дел од програмата која треба да ги носи модернизираните термонуклеарни боеви глави W80-4. Овие „невидливи“ проектили се планирани за опремување на флотата на B-52H, но и на најмодерниот стелт-бомбардер B-21 Raider. Со овој потег, САД јасно ставаат до знаење дека воената моќ и нуклеарното одвраќање остануваат врвен приоритет во нивната одбранбена стратегија. Иако првичниот план беше борбената верзија да биде готова до 2030 година, најновите тестови сугерираат дека процесот е значително забрзан.

Трамп нареди нуклеарни тестови: Светот е во неизвесност
Ова воено тестирање доаѓа во исклучително чувствителен политички момент, само неколку месеци откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно нареди продолжување на нуклеарните тестови. Неговата наредба предизвика бура од реакции на меѓународната сцена, со оглед на тоа што со децении постоеше премолчен мораториум на ваквите активности. Трамп инсистира на целосна модернизација на американскиот арсенал, тврдејќи дека земјата мора да биде чекор пред сите потенцијални ривали во новата трка за вооружување.
Одговор на овие потези веднаш пристигна од Москва, каде рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, побара итно објаснување за намерите на Вашингтон. Лавров истакна дека светот сè уште нема јасна слика дали Америка планира целосно да се откаже од забраната за нуклеарни експлозии. Додека дипломатите водат војна со зборови, воздушните сили на САД продолжуваат со интензивните проби над Калифорнија, демонстрирајќи сила која не е видена уште од времето на Студената војна.


