
Пресуда за смртта на Кејот: 11 години затвор за Фатон Љури кој прегази пешак и избега
Основниот кривичен суд Скопје денеска пресече – 11 години затвор за 25-годишниот Фатон Љури, кој летово со мотор усмрти пешак на Кејот на Вардар и избега од местото на несреќата. Кобниот настан се случи на 1 јули, кога обвинетиот, возејќи мотоцикл „Кавасаки“ без таблички и без возачка дозвола по патеката наменета исклучиво за пешаци, удри во 68-годишниот Југослав Николовски. Од силината на ударот, пешакот се здобил со тешки повреди на главата и подоцна почина на Клиника.
Судот: „Возел со умисла, свесен дека крши прописи на пешачка патека“
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Судијката Снежана Марковска во образложението наведе дека делото е сторено со евентуална умисла. Таа истакна дека Љури бил свесен оти со движењето по пешачка патека грубо ги крши прописите и може да предизвика тешки последици. Како отежнителни околности беа земени предвид бегството по несреќата и возењето без дозвола. Покрај затворската казна, на Љури му е изречена и забрана за управување возило од А категорија во траење од пет години по излегувањето од затвор.


