
Четири жени, кои се запознале уште во средно училиште во Калифорнија во 1950-тите, ја обновиле својата врска на неочекуван начин – денес го делат истиот дом за стари лица. Иако животните патишта ги разделиле низ годините, пријателството им било доволно силно да ги обедини повторно во златните години.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Во видеото на Јутјуб, овие “супер бабички” се присетуваат на средношколските денови, споделувајќи сеќавања од матурските забави, училишните активности и кошаркарските натпревари. Џоан Харис се потсети дека тие години биле исполнети со музика, уметност и безброј убави моменти. Денес, заедничкото време им значи сè и им помага да ги пронајдат истите радости што ги делеле порано.
Силвија Крејн изјавила дека присуството на нејзините долгогодишни пријателки ја исполнува со благодарност и спокојство. „Прекрасно е да имаш стари пријатели, особено кога многу од нив веќе ги нема“, додала таа.
Преку примерот на овие жени, гледаме како вистинските пријателства траат, надминувајќи ги годините и оддалеченоста.


