во , , ,

Проверен рецепт за среќа на легендарниот Чарлс Дикенс: Во само една реченица ја објаснил суштината на животот

Чарлс Дикенс бил најзначајниот англиски романописец на XIX вeк. Неговите дела припаѓаат на раната фаза на реализмот, а Дикенс и денес се смета за основач на социјалниот роман.

Освен книжевната работа помалку е познато дека Дикенс се занимавал и со хуманитарна работа и им помагал на сиромашните.

На 9 јуни 1865 гoдина на враќање oд Париз возот во кој Дикенс патувал имал сообраќајна несреќа.

Реклама

Првите седум вагони се откинале поради тоа што шините не биле исправни. Единствено останал само еден вагон во првиот ред во кој бил и Дикенс. Пред да пристигнат спасувачите, Дикенс им помагал на жртвите.

Иако не се здобил со никакви повреди, Дикенс не закрепнал од траумите од таа несреќа.

Во тоа време го напишал романот „Нашиот заеднички пријател“, а критичарите сметаат дека токму по несреќата, во него внел и некои свои размислувања за животот и соочувањето со смртта.

„Имај срце кое никогаш нема да стане тврдо, темперамент кој никогаш нема да се измори и допир кој никого нема да повреди“, напишал Дикенс во неговото дело.

Инаку, Дикенс починал на 8 јуни 1870 година кога во својот дом доживеал уште еден мозочен удар.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Грди белгиски куќи од кои било кој архитект на светот ќе има кошмари

Неверојатно: Грбав кит проголтал ловец на јастози, а тој преживеал за да раскажува за тоа