во ,

Раздор во Европа: Париз го осуди американскиот напад, Рим го нарече „легитимен“

Светот поделен по упадот во Венецуела: Франција и Италија на спротивни страни, ОН предупредува на „опасен преседан“

Американската воена акција за апсење на Мадуро предизвика дипломатски земјотрес. Франција жестоко се спротивстави, оценувајќи дека нападот го крши меѓународното право и принципот на немешање. Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, порача: „Никакво трајно решение не може да се наметне однадвор“. На иста линија со осуда застанаа и Русија, Кина, Бразил, Мексико и Куба.

Мелони дава поддршка, Стармер се дистанцира

Супер Попуст -25%

На спротивната страна е италијанската премиерка Џорџа Мелони, која акцијата ја нарече „легитимна и одбранбена“. Британија и ЕУ се повоздражани – премиерот Кир Стармер и Урсула фон дер Лајен повикаа на почитување на повелбата на ОН, при што Стармер изричито нагласи: „Ние не бевме вклучени“. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабока загриженост, предупредувајќи дека ова е опасен преседан за светскиот мир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео од кое запира здивот: Погледнете го „лудиот танц“ на зградите за време на земјотресот во Мексико

Дипломатски скандал: Белградски „Информер“ го нарече Муцунски „северномакедонски бедник“