во

РАСПАД ВО ДУИ: Кој владее со партијата – Али, Бујар или Артан од куќен притвор?

Расколот во ДУИ станува сè поочигледен. Коалицијата ВЛЕН излезе со жестоки обвинувања и прашања за лидерството во партијата. Според нив, владее целосна паника, а борбата за превласт меѓу Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби ја парализира структурата.

Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Според ВЛЕН, актуелната состојба е хаотична и полна со неизвесност. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, додека Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја. Од друга страна, луѓето на Артан Груби ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен.

Стравот од „црната кутија“

Супер Попуст -25%

Ситуацијата на Ахмети е крајно комплицирана. Тој се обидува да глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но плановите не му се остваруваат. Ако го пушти Артан низ вода, ризикува да се отвори „црната кутија“ која крие многу партиски тајни. Тоа би открило кој нарачувал, кој потпишувал и кој профитирал на крајот.

„Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички багаж. Од што повеќе се плаши Бујар, Артан да пропее или Али да не се повлече?“

Загадочниот молк на Османи

Посебно внимание се посветува на однесувањето на Бујар Османи. Тој зборува за сè, но за Артан Груби нема кажано ниту еден збор. ВЛЕН отворено прашува кој му го врзал јазикот на Османи и што тој крие од јавноста. Довчерашните сојузници сега глумат дека не се познаваат, чекајќи погоден момент за конечна пресметка.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПЕКОЛ ВО МАРИОВО: Армијата и скопските пожарникари во битка со огнената стихија!

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ: „Безбеден град“ ги лови странците, границата е блокирана!