
Примерок од првото издание на „Тајниот дневник“ на Ана Франк е продаден на аукција за 3.100 евра, објави NL тајмс.
Станува збор за книга првпат објавена во јуни 1947 година, која претставува еден од најзначајните историски документи за Втората светска војна.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Аукцискиот примерок е прво издание во тврд повез од таа година и го има оригиналниот омот на кој се видливи знаци на употреба.
„Книгата има некои оштетувања на кориците и стари дамки на страниците“, се наведува на веб-страницата на аукциската куќа.
Книгата сегашниот сопственик ја набавил преку „пријател од еврејско потекло кој се криел во Алкмар за време на војната“.
Првиот тираж на „Тајниот дневник“ бил испечатен во 3.036 примероци, по што е објавен на повеќе јазици и продаден во десетици милиони примероци ширум светот.
Ана Франк го пишувала дневникот помеѓу 14 јуни 1942 и 1 август 1944 година, додека таа и нејзиното семејство се криеле во скриен поткровје на Принцовиот канал во Амстердам.
Откако нацистите ги откриле и уапсиле, Ана Франк починала во концентрациониот логор Берген-Белзен.


