
Постојат колачи кои не бараат ниту време ниту луксузни состојки, а секој пат потсетуваат на мирисот на топол дом.
Кох-от од гриз е токму таков десерт – едноставен, воздушест и нежно натопен со млеко, оној колач кој некогаш се правел „за секоја прилика“, и кој го сакале и бабите и децата. Во време кога бараме брзи и лесни рецепти, стариот добар кох повторно го зазема почесното место во секоја тетратка со домашни рецепти.
Зошто кох-от од гриз е омилениот стар колач
За разлика од многу модерни десерти, кох-от не содржи бело брашно, туку само гриз, што му дава фина, лесна структура и посебен вкус кој се топи на непцето. Најубаво од сè – сите состојки веројатно веќе ги имате во кујната, а подготовката е едноставна и без стрес.
Ова е оној колач кој мириса на детството, летните распусти и попладневните часови кога млекото врие на шпоретот и целата куќа мириса на ванила.
Состојки:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 9 лажици гриз
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 литар млеко
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
- Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги со миксер додека не добиете цврст снег. Потоа постепено додавајте го шеќерот и матете додека масата не стане сјајна и густа.
- Полека (со лажица, не со миксер) вмешајте ги гризот, прашокот за печиво и жолчките. Мешајте внимателно со превртување за да остане смесата пенеста.
- Истурете ја смесата во калап кој сте го премачкале со масло и сте го посипале со брашно. Печете во рерна загреана на 200°C, додека рабовите не се одвојат од калапот и колачот не добие блага златна коричка.
- Додека кох-от се пече, во тенџере загрејте го млекото со ванилиниот шеќер додека не зоврие.
- Кога кох-от е печен, веднаш прелијте го врелиот колач со врелото млеко. Не грижете се ако „плива“, ќе впие сè. Оставете го полека да се олади и да го впие млекото.
Домашен вкус кој не излегува од мода
Кога ќе се олади, кох-от можете да го послужите таков каков што е – нежен и млечен, или да го украсите со изматена слатка павлака и да го посипете со какао во прав. Во секоја варијanta, тоа е колач кој се памети по едноставноста и мирисот на топол дом.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







