во ,

САМО ВО КИНА Десеткатница изградена за помалку од 29 часа

Со помош на три кранови и голем број работници, зградата е подигната, а оваа постапка веројатно ќе доведе до нова револуција во градежната индустрија.

Благодарение на модуларните градежни системи, кинеската компанија успеа да подигне десеткатница за 28 часа и 45 минути.

Групата Бруд најпрво ги изработи сите делови во локалната фабрика во Чангшу, кои потоа беа транспортирани до градилиштето.

Реклама

За да се поедностават работите, зградите ќе се градат како автомобили во иднина, со составување делови.

Експертите објаснуваат дека процесот на градење е исклучително едноставен. Структурата на зградата е изработена од не’рѓосувачки челик и е десет пати полесна од конвенционалните згради.

Таквите згради се значително поевтини од традиционалните градби, главно заради поедноставениот процес на производство.

Модуларната зграда има изолација со дебелина од 22 сантиметри, стаклени прозорци и паметен систем што заштедува енергија до десет пати.

Компанијата „Бруд “ тврди дека таквата зграда ќе трае илјада години бидејќи е изработена од 100 проценти нерѓосувачки челик и затоа е 30 пати поотпорна на корозија.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GTA 6 во раните фази на развој – излегува дури во 2025 година?

Римац За 15 години сите автомобили ќе бидат на струја, нема да имаат волан и нема да се купуваат