во ,

GTA 6 во раните фази на развој – излегува дури во 2025 година?

Том Хендерсон е познатиот „откривувач на тајни“ на Battlefield и Call of Duty, а минатата недела објави видео во кое детално зборуваше за гласините и предвидувањата поврзани со GTA 6.

Хендерсон верува дека играта ќе има дел од Vice City и дека картата ќе се промени со текот на времето, исто како што Epic Games често сака да го направи Fortnite. Во видеото тој споменува дека играта ќе може да се игра со неколку различни карактери, вклучително и жена протагонист која ќе се занимава со хакерство.

Хендерсон ги сподели и своите предвидувања за датумот кога верува дека играта ќе излезе. Rockstar падна во тешка кал кога излезе бруталниот распоред на Red Dead Redemption 2, кој ги преоптовари работниците, компанијата веројатно не ни помислува да се најде во ситуација слична на таа. Затоа Хендерсон верува дека играта нема да излезе пред 2024 или 2025 година.

Неколку извори на игри се согласија со проценките на Хендерсон, но сеуште станува збор за гласини. Ако сакате да го погледнете целото видео, можете да го сторите тоа подолу.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Луѓе споделуваат ужасни болнички оброци низ земјите во светот

САМО ВО КИНА Десеткатница изградена за помалку од 29 часа