во ,

СДСМ со повик до власта: Поддржете 600 евра минимална плата

СДСМ бара поддршка за Закон за 600 евра минимална плата: Пари има, потребна е политичка волја

Опозициската партија СДСМ ја повика власта да покаже конструктивност и да го поддржи предложениот Закон за минимална плата од 600 евра, нагласувајќи дека граѓаните сѐ потешко ги покриваат основните трошоци. Според нив, синдикалната кошничка веќе надминува 67.000 денари, додека платите остануваат недоволни за достоинствен живот.

„Работниците протестираат, власта се луксузира“

Супер Попуст -25%

Од СДСМ оценуваат дека додека работниците излегуваат на протести барајќи повисоки примања, власта продолжува со трошења за авион, мебел, службени возила и кабинети. Тие го нарекуваат тоа „срамно и безобразно“ и апелираат средствата да се пренаменат преку ребаланс на Буџетот.

Партијата посочува дека нивниот предлог-закон е веќе ставен на дневен ред во Собранието и претставува конкретно решение за подобрување на животниот стандард на работниците.

Апел за ребаланс и пренамена на средства

СДСМ тврди дека финансиски простор постои и дека со пренасочување на буџетските средства може да се обезбеди минимална плата од 600 евра. Од партијата повикуваат на поддршка „заради работниците“ и нагласуваат дека приоритет треба да биде подобрување на економската состојба на граѓаните.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Терористички чин во Лвов: Млада полицајка загина, околу 20 ранети

Врховниот суд против Трамп: Трговската политика повторно под притисок