во ,

СЗО: Како да се заштитите од коронавирус?

Светската здравствена организација (СЗО) будно ја следи состојбата со коронавирусот и врз база на новите истражувања, дава соодветни препораки за заштита од него.

Бидејќи вирусот е нов за човештвото, многу информации сè уште не ни се познати, но според она што се знае, еве што треба да правите за да се заштитите:

ВИДЕО

Реклама

Како се шири КОВИД-19 и како да се заштитите од него?

КОВИД-19 е заразна болест, предизвикана од нов коронавирус, кој за првпат се појавува меѓу луѓето.

Се шири од човек на човек главно преку „капките“ (аеросоли) создадени кога заразено лице зборува, кашла или кива.

Овие капки може да завршат во устата или ноздрите на луѓето кои се во близина, но се претешки за да патуваат далеку во воздухот. Тие патуваат околу еден метар и брзо се спуштаат на површините. Поради тоа, преносот од човек на човек се случува главно преку блиски контакти.

Сè уште не е точно познато колку долго време вирусот може да преживее на површините.

Бидејќи со рацете допирате бојни површини кои може да бидат заразени со вирусот, треба да го избегнувате допирањето на очите, носот или устата.

Кога кашлате или кивате, покријте си ги устата и носот со свиткан лакт или користете хартиени марамчиња за една употреба.

Ако марамчето е искористено, веднаш исфрлете го во затворена корпа за отпадоци.

Најефективниот начин за спречување на ширењето на новиот коронавирус е честото и темелно чистење на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол или правилно миење со сапун и вода.

Одржувајте дистанца.

Одржувајте растојание од најмалку еден метар од секој којшто кива или кашла.

Ако имате покачена температура, потешкотии во дишењето и кашлате, неодложно побарајте медицинска помош.

Доколку се сомневате дека имате коронавирус, останете дома и јавете се на некој од телефоните поделени по региони:


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Интересни работи кои сите сме ги правеле како деца, но не зборуваме за тоа

6 Анатомски точни черепи од вашите омилени цртани ликови