
Сите правиме иста грешка: Еве колку дена навистина смее да стои сармата во фрижидер пред да стане опасна
Зимата на Балканот е незамислива без големо тенџере сарма, а старото правило вели дека таа е „повкусна колку подолго стои“. Сепак, експертите предупредуваат дека и ова јадење има свој рок на траење. Безбедниот период за чување сарма во фрижидер е најмногу седум дена, и тоа доколку се чува во херметички затворени садови. Сè што е подолго од тоа, носи ризик по здравјето.
Правила за замрзнување и подгревање
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Ако сте направиле поголема количина, најдобро е вишокот да го замрзнете, каде што може безбедно да стои до три месеци. Клучно правило што не смее да се прекрши е дека одмрзнатата сарма никогаш не смее повторно да се замрзнува. Исто така, при секое вадење од фрижидер, сармата мора да се загрее до точка на вриење за да се уништат евентуалните бактерии.


