во , , , , ,

Слаткарка направила фустан од колачи тежок повеќе од 100 килограми, го прошетала и поставила нов светски рекорд

Швајцарска слаткарка поставила светски рекорд создавајќи го најголемиот фустан од торта на светот, кој не само што може да се покаже, туку и да се носи. Наташа Колин Ким Фах Ли Фокас ја демонстрира својата креација на изложба во Берн. Нејзиното видео има 1,3 милиони прегледи. На прашањето “Каде е тортата?” еден од изненадените гледачи добил одговор: „Таа вцушност ја носи“.

Девојката пред присутните вешто облече фустан тежок околу 130 килограми. Претставник на Гинисовата книга на рекорди го објави видеото на својата страница на социјалните мрежи и напиша: „Најголемиот фустан – торта што можете да го носите тежи 131,15 килограми од Наташа Колин Ким Фах Ли Фокас од “SweetyCake’s“.

Така, таа го собори претходниот рекорд – тогаш фустанот – торта тежеше 68 килограми. Металната потпора, држачот за фустан и тортата заедно тежеа вкупно 242,75 килограми. Покрај ревијата на модната писта, манекенката во оваа облека мораше да помине најмалку 5 метри – и таа успеа да го направи тоа.

Кондиторската уметност и беше прикажана на публиката на финалето на модната ревија на изложбата Swiss World Wedding. По презентацијата, фустан тортата беше исечена на парчиња и изедена од гостите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Македонец го почнува денот?

19 Креативни луѓе кои не сакаат зимата да исчезне и се забавуваат на свој начин