во , , ,

Слатки маки на сопствениците на домашни миленици: Мачките и кучињата не им дозволуваат да вежбаат

Милиони луѓе останаа во своите домови поради мерките со кои би требало да се спречи ширењето на коронавирусот. Вработените работат од своите домови, а вежбањето од теретани и сали се пресели во дневната соба.

Експертите велат дека редовниот физички напор ја намалува непријатноста која настанува поради седење во затворен простор. Илјадници сајтови и Јутјуб канали им нудат на корисниците бесплатни совети за одржување на дневната рутина во вонредни услови. Сепак, вежбањето во присуство на домашен миленик за многумина е невозможна мисија.

Според симпатичните видеа кои секојдневно се објавуваат на социјалните мрежи гледаме дека домашните миленици како мачките и кучињата немаат разбирање за потребите на нивните сопственици. Додека луѓето се обидуваат да вежбаат јога, фитнес или да скокаат со јаже, овие крзнени пријателчиња секогаш се тука за да им сметаат.

Реклама

https://www.instagram.com/p/B94KnnGHL-V/?utm_source=ig_embed

Разочараните сопственици ги снимаат непослушните миленици и ги објавуваат видеата од неуспешните тренинзи на своите профили, а многумина се прашуваат дали животните се противат на желбата на сопственикот да остане во форма?

Но, не – тие само сакаат игра и внимание, па затоа обидете се да пронајдете начин кој ќе ги вклучува и нив во секојдневниот тренинг, пишува “Mashable”.

https://www.instagram.com/tv/B-HkkcRJbG8/?utm_source=ig_embed

https://twitter.com/BRIANNAWBU/status/1242302901126606848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1242302901126606848&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F339176%2Fslatki-maki-na-sopstvenicite-na-domasni-milenici-mackite-i-kucinjata-ne-im-dozvoluvaat-da-vezbaat


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аман бе Џексоне…

20 Производи за мажи и жени кои немаат потреба од таква поделба