во ,

Смееме ли да лажеме???

Како би изгледал светот, кога се би се знаело , да се зборува само вистина , и да нема тајни..? Кога би ја изгубиле моќта да лажеме  било кога и било што.Можеби сите би биле многу подобри.  Би се знело дека се и сшто ќе  кажеме и направиме  ќе се дознае, бидејки  не  сме  способни да излажеме па повеќе би пазеле што правиме  и  зборуваме …Хммм ?

Не верувам дека би било подобро . Мислам дека би пропаднал целиот свет  за  помалку од еден ден , кога човековиот  род  ,би ја изгубил способноста на лажење . Кога во една фамилија , сите  се би знаеле за сите членови , истите не би дочекале ни една вечер заедно. Да не ги спомнувам  некои  организации , здруженија ,  странки , држава .. и. т.н ….. Без моќта на лагите  , светот би пропаднал  за кратко време…

Без  МОЌ  НА ЛАГАТА  , секој човек би требало  да се соочи сам со себе, да се сети на сите свои лаги ,  премолчени  вистини , свои тајни , туѓи тајни што ги носи во својата животна торба… Би  морал да се замисли сам со себе , а потоа сите свои  ЛАГИ   да ги каже на други. Не е доволно да ги каже на било кого , него на сите поединечно , онака во лице да му каже зошто го излажал….

ЛАЖЕТЕ  ЛИ   ВИЕ  ???  –  Некои  ќе  кажат .. Не  , јас не лажам , јас зборувам само вистина ..Хм…?  Тогаш нема да ви биде проблем да пазите  ,  недела  или две  што зборувате , и на сите да им ја кажувате вистината.. На  Мажот  (Жената ) , на  децата , на шефот , на соседите , на колеги од работа , на пријателка ,  дечко (девојка) , на било кого … само ВИСТИНА  . Дали смеете ??? Јас  вистински  се  замислив  :)   Не смејам !!!

ВИСТИНА  е  дека  од  мали нозе не учат да    НЕ    ЛАЖЕМЕ … но низ животот тоа се покажува дека е невозможно . Па затоа слободно опуштете се , и   ИЗЛАЖЕТЕ   некогаш без грижа на совеста , НО НЕМОЈТЕ   ТОА    ДА   ВИ     ПРЕЈДЕ    ВО    НАВИКА ……


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сведок на суд

Кога еволуцијата тргне во погрешна насока