во ,

Собир во Скопје за жртвите од Кочани: На дел од присутните им се слоши, повикана Брза помош

Со седум минути молчење точно на пладне започна собирот. Студенти и ученици од средните училишта во Скопје се собраа пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Денеска одржаа заеднички час. Целта беше да им оддадат почит на жртвите од пожарот во Кочани.

Супер Попуст -25%

На платото пред УКИМ палеа свеќи. Се потпишуваа во книга на жалост.

Подоцна заедничкиот час беше прекинат. На неколку студенти им се слоши. Беше побарана интервенција од Брзата помош.

Студентите и средношколците останаа на собирот и покрај временските услови. Студентското собрание најави дека собирите ќе продолжат цела недела. За локациите и времето дополнително ќе информираат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лекарите од Белград за повредените од Кочани: Изгореници до 28%, состојбата е тешка

„Ние сме херои!“: Осомничен за пожарот во Кочани со шокантна изјава!